Ако застанеш на моето место,

на ова мое место,

ќе забележиш

сонцето изгледа поинаку.

Истото е за сите,

ама мене ме грее некако повеќе.

Ми го полни срцето,

а тоа пустото отскокнува.

Не знам дали од радост,

дали од возбуда,

или можеби од страв,

од страв дека ќе дојден ден

кога нема да ме грее волку силно.

Знам,

ќе ми позавидиш.

Можеби и сега ми завидуваш

што ете родена сум

со вода во очите и сонце во душата.

Кога се смеам врне дожд,

кога плачам паѓаат камења

па една грутка,

едно мало кременче

стругнува од срцето и ме боли

како првиот изгрев и сите зајдисонца.

Оти без него не сум жива,

а тоа отскокнува

не ми дава да заспијам.

Мислев,

од кафињата што ги пијам е,

се додека не ми кажаа

дека ете така сум родена -

со вода во очите и сонце во душата,

а тоа мора да зајде

дури и во мене.

…многу не само 13, ама пак ќе речам за кого како

Момциве ќе настапуваа на овогодинешниот таксират, а јас сакам само да ве поздравам и растресам/размрдам со нивната музика ќе пишам нешто во некоја друга прилика.

BaBaBAAAAAAA

До следното видување, а до тогаш останете ми во добро здравје. ;) :)

Од љубов кон професијата,

се’ за науката.

Иако -

ентузијазмот изветреал

некаде на половина пат.

Затоа на крајот од денот

добивате сарказам

наместо добра ноќ.

Тогаш кога -

“се к’ти ноќта црна”

погледот длаби точка во таванот.

Пролетува мисла -

утрото носи нова можност,

потребно е само

да се разбудам

и да станам на десна нога.

p.s ;)

Одамна не сум напишала некој рандом пост, некако ми недостасуваше тој мој спонтан момент, па еве ја користам првата прилика да го направам тоа.

Седам на големата трпезариска маса (распослана со едно чудо листови). Решавам  програмски задачи, и подготвував задачи за моите ученици (ако може така да ги наречам).

До пред некој час беше тишина, но се вратија татко ми и сестра ми од работа (се размрда атмосферата). Ручавме. Татко ми не. Повторно има проблеми со желудникот (ќе мора повторно на гастро). Поселе ручекот мавнавме по едно кафенце (мајка ми не “частеше”). После кафенцето сестра ми истопори едно скопско на маса, кикиритки и бадемчиња. Повод?! ..  Зарем е потребен?

На здравје, на здравјеееее! Всушност првата здравица отиде за братучетка ми, ќе се вери, а наскоро и свадба. За Цеце и Мето (за Цеце и Мето, сите воскликнавме) Ех колку е убав животот, колку е најубав.

Еднаш преку пост наздравив за една моја многу драга пријателка која наскоро ќе стане мама, сега повторно ќе наздравам и за неа, за нив впрочем – Ена, Давор и малата светлина Дарија.

На здравје, па на живот, да протече, но не да истече! :)

Обично во вакви моменти откачувам со нешто наше изворно, чалгаџиско, сега убавата вечер ќе ја заокружам со Заз и нејзините самовики :)